Категории

Универзалниот јазик на љубовта – бакнежот, фотографиран насекаде во светот од аргентинскиот фотограф Ignacio Lehmann

Љубовта и симпатиите се искажуваат на универзален начин – со бакнеж. 

Секаде во светот ќе сретнете луѓе кои се бакнуваат, а аргентинскиот фотограф Ignacio Lehmann ја покажува глобалната љубов со неговиот проект World Kisses.

Во текот на три години тој патувал во над 12 земји низ светот и посетил над 20 градови, собрал над 1.000 фотографии од луѓе насекаде, од метрополи до рурални пејсажи.

Неговите фотографии се разновидни, иста во нив е само љубовта, различни луѓе, различна возраст, со различно тело, пол, сексуални предиспозиции, дожувајќи дека љубовта не познава граници.
Љубовта изразена во јавност успеал умешно да ја улови со неговиот апарат и ни ја пренесува пораката дека треба да се љубиме секој ден и секаде.

   

Прегледи:
444
Објавено на:
12.03.2018