Категории

Уште една Мисица се посрамоти со одговорите на прашањата! (видео)

Мис Калифорнија, Надја Мехија (20), се посрамоти на изборот за Мис на Америка. Таа сакаше да каже нешто мудро, а тогаш се заплетка…

Имено, еден од членовите на жирито ја праша како би го намалила јазот меѓу богатите и сиромашните. Надја се предомислуваше, почна да воздивнува… а, тогаш зеде воздух и почна:

“Мислам дека богатите и сиромашните не треба да бидат толку раздвоени, мислам дека постои средна класа. Мислам дека богатите… (пауза)… би требало да даваат повеќе, сиромашните да работат понапорно, а средната класа треба да се најде во средината”.

Убавата девојка, секако, веднаш се најде на мета на социјалните медиуми, но покажа дух и карактер, па се пошегува на сопствена сметка.

2

На Инстаграм објави видео на кое пее песна од “Backstreet Boys”, но со малку изменет рефрен. Во нејзина изведба песната оди вака: “I don’t know about the economy” (не знам ништо за економијата).

https://www.youtube.com/watch?v=9s24gdYXGYE

4

5

Прегледи:
346
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
08.06.2016