Категории

Успешни приказни од луѓе кои својот успех го доживеале на постари години

Возраста е само број. Успехот на млади години е огромна работа, но, знае да биде ментално исцрпувачки. Успехот не престанува да е голем само затоа што сте го постигнале на постари години.

Писателот Даг Мурано од Јужна Дакота започна твитер дискусија со својот твит: „Уморен сум од „под 40′ листи. Покажете ми некој што го добил својот докторат на 60 години откако загубил се’. Покажете ми новелист кој првата книга ја напишал на 70 и е пишувана од целоживотно патување на љубов и болка. Дајте ми испукани раце и меки  срца.“

Резултатот се овие прекрасни приказни:

„Кога бев на магистерски студии, запознав Нативна Американка која беше во своите рани 90-ти години, која ја започнала својата докторантска програма во доцните 80-ти, за да го зачува јазикот на своето племе. Кажа дека скоро сите од нејзиното семејство живеат до повеќе од 100 години, така што има време да ја заврши својата мисија“ – @piranhabrianna

„Баба ми, откако одгледа 9 деца и се пензионира од кариера како медицинска сестра, почна да црта. Сега куќата ѝ е уметничка галерија и активно креира семејни наследства. Таа е мојот херој“ – @jjami5000

Life-After-40-People-Share-What-They-Accomplished

„Ме отпуштија од работа во 2008, а бев на истата работа 26 години. Се запишав на факултет во 2009 и дипломирав во 2013. Ги започнав своите докторски студии во 2014 кога имав 51 година, и наредната година на 57 треба да докторирам. Претходно не знаев ни да се претставам себесина поголема група. Сега јас држам предавања.
Научив многу и пораснав како личност.“ – @John4tl

„Си изградив нов живот откако ги загубив двата сина. Сега, на 74 години, ќе си ја објавам првата книга, мемоар: „Дали сум уште мајка?“ – @HelenBouchami

„Откако помина децении цртајќи планови на салветки, следејќи го татко ми, кој беше дипломат, од едно место на друго, мајка ми конеќно дипломираше на архитектура во своите 60-ти години. Мојот пензиониран татко беше многу горд на неа и ѝ направи огромна забава за дипломирањето“ @Mark_DMcKinney

„Татко ми си заврши докторски студии на 66 години. Јеј! Браво тато!“ – @DuckyMacDuck

Life-After-40-People-Share-What-They-Accomplished

Прегледи:
623
Категории:
Среќа на денот
Објавено на:
25.09.2020