Категории

Вака изгледа луксузниот дом на Гвен Стефани во Лос Анџелес

Прекрасната раскошна вила во Лос Анџелес, пејачката Гвен Стефани се обидува да ја продаде од јануари 2017-та година и сега ја намали цената за дури 6 милиони долари помалку, и сега продава за 29 милиони евра. Џенифер Лопез живееше во вилата од 2002-ра до 2004-та година, и е навистина раскошна градба која вклучува голем базен, тениско игралиште и приватна теретана.

Вилата располага со околу 1.500 квадрати, а има седум спални и седум бањи. Внатрешноста е многу драматична, исполнета со контрасти на црно-бело, кадифени ткаенини и впечатлив метал, покрај базенот, тениско игралиште и теретана, има и отворен бар и кино.

Целиот имот се протега до околу осум илјади квадратни метри, и има голем влез кој го чува чувар.

Погледнете како изгледа оваа згодна вила.

Прегледи:
426
Објавено на:
13.04.2018