Категории

Вака изгледаат патики од 118.000 евра

Доколку мислите дека неколку стотици евра се премногу за патики, слободно прескокнете ја оваа статија. :)

Имено, американскиот дизајнер Buscemi дизајнираше патики кои се продаваат по цена од 118.000 евра, односно 132.000 долари, во зависност од тоа каде ќе ги купувате.

Овие патики се рачно направени од врвна италијанска телешка кожа со бела боја, а на горниот дел имаат дијаманти од 11,5 карати и синџир од 18-каратно злато.

q2

Патиките кои ги произведува овој дизајнер ги носат многу познати светски ѕвезди како што се Шон Комбс и Канје Вест, кој нарача пар дури и за неговата ќеркичка Норт.

q3

q4

Прегледи:
716
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
05.10.2016