Категории

Ве сака, но не сака да остане со вас: Зошто мажите ги напушаат жените?

Многу жени се опуштаат доколку се почувствуваат сакани од страна на мажот кој е толерантен и попустлив. Сепак, постојат ситуации кога тој едноставно не може да помине преку вашите постапки. Во тој случај, можете да продолжите по свое, но ако сакате да го задржите не правете ги овие грешки.

Сакате да го промените

Едно мора да сфатите: децата се воспитуваат, а не возрасните мажи.Тој може да се промени поради вас до некој степен, но ако се обидувате да го промените во целост, тоа никогаш нема да заврши добро.

Постојано му приговарате

Секако дека имате право да му приговорите, ако не направил нешто што ветил дека ќе направи. Или кога ќ ве повреди или генерално ќе направи нешто за кое ќе се навредите. Но не дозволувајте да го омаловажувате.

Ве моли за секс

Можеби ќе го направи тоа неколку пати, но потоа едноставно ќе се откаже и сексот и среќата ќе си ја побара на друго место. Сексот е важен дел од неговиот живот, а доколку неговата партнерка не го посакува, тоа сигурно ќе го одбие.