Луѓето од целиот свет може да видат затемнување на сонцето оваа недела. Среќниците од југоисточниот дел на Азија ќе имаат редок поглед од прв ред на целосното затемнување на Сонцето денес и утре, а жителите на островите во Тихиот океан ќе видат делумно затемнување. Но, остатокот од светот, исто така може да го види затемнувањето – преку пренос во живо.
Месечината минува меѓу Земјата и Сонцето секој месец, но целосно затемнување се случува само кога трите тела се поставени совршено. Ова затемнување месецов е уште поспецијално бидејќи се случува во исто време кога Месечината се наоѓа на најблиската точка до Земјата, со што Месечината изгледа поголема на небото, наречена „супермесечина“.
Најдраматичните делови од овој небесен феномен ќе бидат видливи во некои изолирани делови од Земјата, но секој ќе може да го гледа целосното затемнување од својот дом преку пренос во живот овозможени од slooh.com. Преносот започнува точно на полноќ според македонско време и ќе трае три часа.
Доколку го пропуштите преносот, ќе имате можност да гледате видео од затемнувањето подоцна. Подоцна годинава, на 1 септември, ќе има друго затемнување кое ќе биде видливо од Африка.
За да го гледате преносот во живо, зачувајте го линкот на оваа статија и вратете се повторно на полноќ. Подолу ќе го најдете видео-преносот во живо.