Можат ли мажот и жената да бидат само пријатели? Ваквото пријателство најчесто се именува како „платонска љубов“. Откријте што подразбира тоа.
Врската на двајца луѓе заснована на овој начин не вклучува сексуална привлечност. Дали ваквите врски се постојани? Дали е тоа пријателство, љубов, или позади сето тоа се крие нешто трето?
Ако покренете дебата помеѓу пријателите за тоа дали постојат машко-женски пријателства, ќе слушнете разни мислења и искуства.
Едни ќе ја бранат платонската љубов, други ќе тврдат дека такво нешто е невозможно затоа што барем едната страна ќе чувствува сексуална привлечност или ќе гаи посебни емоции. Можеби и самите некогаш сте биле во таа ситуација или сте тврделе дека луѓето во вашата околина кои се пријатели сепак имаат нешто повеќе помеѓу нив.
Платонската љубов и нејзиното значење
Кога денес ќе го споменеме овој поим, тој подразбира класично, машко-женско пријателство. Тоа се двајца луѓе кои делат слични интереси и уживаат во времето поминато заедно, без да помислуваат на секс.
Самиот Платон, кога ја објаснувал оваа идеа, немал на ум отсуство на сексуален однос во оваа љубов, туку повеќе некоја возвишена љубов помеѓу двајца луѓе. Ваквата врска ви се засновала на потполно разбирање и духовна поврзаност помеѓу мажот и жената, кои уживаат во времето поминато заедно и тоа ги исполнува. Несексуалноста на оваа врска е нешто што подоцна било извлечено од контекстот, а денес стана општоприфатен факт кој се врзува за овој поим.
Платон ја делел љубовта на две форми:
-Љубов која заснована на физичка привлечност, (Вулгар Ерос) и
-Божествена љубов (Дивина Ерос) која подразбира соединување на телата и духот кон две особи и не е заснована на сексуалност
Дали се машко-женските пријателства возможни?
Секако дека се, но платонската врска во вистинската смисла на зборот – не е!
Истражувањата покажале дека луѓето кои веруваат дека ваквите врски се возможни опфаќаат дури 83% од испитаниците, во истата студија само 11% од луѓето сметале дека не постои ваква возможност, додека 6% не биле сигурни.
Една друга студија покажала дека мажите најчесто се во платонска врска со пријателки кои физички ги привлекуваат, додека друга студија покажала дека поголемиот дел од пријателствата помеѓу маж и жена прераснале во романтична или сексуална врска. 71% од испитаниците потврдиле дека пријателството во еден миг сигурно би се претворило во нешто повеќе.