Категории

Верувале или не – Се отвара првиот кружен тек на дното на Атлантскиот океан

(ВИДЕО) Освен што ќе се скрати времето на патување, ова е вистинско архитектонско чудо.

Завршена е работата на проектот за првиот подводен кружен тек кој е изграден во Атлантскиот океан и ќе биде отворен за сообраќај за неколку недели. Како дел од новиот, 11 километарски долг тунел на дното на океанот, кој поврзува 2 од 18 Фарски острови, кружниот тек не само што е функционален туку е и архитектонско чудо.

Трондур Патурсон, фарскиот уметник е заслужен за уредувањето на овој кружен тек и неговаите сини светла. Најниската точка на тунелот е Ејстурој, и се наоѓа на 189 метри подморска висина. Фарскиот парламент во 214 ги одобри плановите за изградба на тунелот со намера главниот град Торшавн да поврзува две точки на островот Ејстурој – Рунавик и Стрендур.

Тунелот ќе скради оддалеченост помеѓу Торшавн кој се наоѓа на најголемиот и најнаселен остров Стрејмој до две села на Ејстурој, од 55 на 17 километри. Тоа го намалува времето за возење од повеќе од 1 час на само 16 минути.

Прегледи:
785
Објавено на:
06.12.2020