Категории

Вежбајте во базен за совршена линија – забавно и ефикасно

Не е тајна дека пливањето е една од најдобрите вежби за обликување на телото и губење тежина.

Освен што е одлична кардиоваскуларна активност која ги активира сите мускули, базенот можете да го искористите и за вежбање во текот на летото. Доволно е да одвоите само 15 минути, а ние ви прикажуваме како вежбањето да го преточите во забава и задоволство.

 

Чекор 1: Загревање (2 минути)

Пред да започнете со вежбањето, одвојте две минути за загревање, движејќи се низ плиткиот дел на базенот за да ги загреете мускулите.

Чекор 2: Џогирајте во место (2 минути)

Останете во плиткиот дел на базенот и џогирајте кревајќи ги колената високо. На овој начин ги загревате нозете вадејќи ги колената од водата и потоа повторно спуштајќи ги во вода.

Чекор 3: Скокање (2 минути)

Откако ќе завршите со џогирањето, спојте ги стапалата и почнете да скокате од едниот крај до другиот крај во плиткиот дел од базенот.

Чекор 4: Скокање и клекнување (2 минути)

Спуштете се најниско што можете без да ја допрете главата во вода, додека рацете ги држите во висина со рамената, а потоа скокнете колку што можете повисоко, кревајќи ги рацете над главата.

Чекор 5: Удирање со нозе (2 минути)

Фатете се за ивицата на базенот со рацете свртени на стомак, како кога учите да пливате и испружете го телото, а со нозете удирајте најбргу што можете. Обидете се да ја правите оваа вежба две минути.

Чекор 6: Возење велосипед (2 минути)

Испружете ги рацете на ивицата на базенот и дозволете им на нозете да пловат. Започнете да изведувате движења како да возите велосипед на површината на водата. Повторувајте го тоа движење две минути и фокусирајте се на одржување на иста брзина.

Чекор 7: Собирање и истегнување (две минути)

Од позиција на велосипед, свиткајте ги нозете до градите држејќи ги Созаедно, а потоа испружете ги. Правете ја оваа вежба две минути со исто темпо.

Чекор 8: Релаксирајте ги мускулите (1 минута)

Откако ќе завршите со сите вежби, релаксирајте ги мускулите, стоејќи во базенот и изведувајте спори движења. На тој начин ќе ги опуштите и оладите мускулите.

 

Прегледи:
566
Објавено на:
31.07.2017