Во саботата на Телма имавте прилика да го погледнете второто продолжение од специјалното гостување на легендарниот Игор Џамбазов во нашето најгледано ток-шоу, „Еден на Еден“.
Во првата емисија Игор и Жаре се јавуваа во полициска станица, но овој пат маестро Џамбазов отиде чекор подалеку, па пред камерите, верувале или не, искрши стаклено шише од глава!
Со оваа епизода Жаре и Игор дефинитивно влегоа во историјата. Сите гостувања на Џамбазов во “Еден на Еден” биле фантастични, но со оваа емисија ретко која може да се носи.
На Игор му се придружи и Гуру Харе со кого раскажаа за нивната нетипична посета кај претседателот Ѓорѓе Иванов, пееја многу песни, а сред емисија на Игор му се јави и доктор Жан Митрев.
За сите кои немаа можност да ја погледнат саботната “Еден на Еден” епизода, истата веќе е објавена на Јутјуб.