Категории

ВИДЕО: Кревет за спас од земјотреси

Рускиот иноватор има замисла за кревет кој е „отпорен“ на земјотреси и елементарни непогоди со тоа што ќе го заштити корисникот активирајќи метална кутија со голема цврстина.

Креветот располага со сензори за движење и потреси па при силен земјотрес ќе го вовлече самиот душек во металната кутија и ќе спречи надворешни влијанија, на пример удар од паднати градежни материјали.

Корисникот внатре ќе има на располагање флаширана вода, лекови, боци со кислород, па дури и гас маска ако е потребно и ќе може да преживее десетина часа додека дојдат спасувачи за го откопаат од урнатите или пак и самиот да излезе кога опасноста ќе помине.

Сличен проект се развива во Кина каде се започнати првите тестови, како и во Израле. Креветот за спас од земјотреси и катаклизми ќе се продава по цена од 5000 долари за едно лице, додека пак брачен кревет ќе чини до 8000 долари.

Прегледи:
370
Објавено на:
12.09.2016