Една од најпопуларните работи во Америка се камерите за бакнување, или “Kiss Cam”, кои прикажуваат на екраните видео од пар кој треба да се бакне за време на паузите од некој натпревар.
Па, токму поради тоа, еден дечко мислел дека е добра идеја да ја запроси својата девојка кога камерата ќе ги покаже нив двајца…
Но, дека ова и не беше така добра идеја покажува фактот што секогаш кога има вмешано гужва, може да дојде и до несреќни моменти.
Имено, во моментот кога момчето ја запросува својата девојка, еден од неговите другари возбудено го мава по грбот покажувајќи ја својата еуфорија, па во тој момент прстенот паѓа помеѓу трибините.
Не е јасно дали подоцна бил најден или не, но целата публика во околината се пушти во негова потрага. Погледнете го овој момент!
A fan tried to propose to his girlfriend last night…and then this happened: ?? pic.twitter.com/tCgr0A3ItE
— Atlanta Hawks (@ATLHawks) January 22, 2017