Категории

Видеото кое го освои светот: Како изгледа еден ден во очите на мајката, а како во очите на детето?

Често се вели дека деновите на родителите се долги, а годините кратки. Ова прекрасно видео кое го освои светот ги прикажува токму оние обични денови кои на мајката и изгледаат беспрекорно долги, а на децата неверојатно забавни.

Додека мајката е уморна и истрошена обидувајќи се да постигне сѐ и пред очите и се само тешките моменти, спомените на нејзината мала ќерка покажуваат нешто сосема друго. Таа се сеќава само на убавите моменти во денот кој изминал.

Она што за нас возрасните е нормално, за децата можеби е магично. За нив е тоа, можеби, најдобриот ден во животот.