Категории

Видови на бакнежи кои паровите ги обожаваат

Бакнежот за многу дами е најубавиот дел од врската. Затоа во продолжение ви ги откриваме неколкуте видови на бакнежи кои ги обожаваат сите парови…

1. Француски бакнеж

Овој вид на бакнеж го опфаќа истражувањето на устата на партнерот со помош на јазик и воедно се смета за најпопуларен избор кај љубовниците.

Најдобриот француски бакнеж започнува полеко и постепено го зајакнува интензитетот и темпото.

2. Бакнеж во вратот

Со употреба на усните и јазикот на вратот на партнерот можете да разбудите чувствителни нервни завршетоци но и да ја разгорите страста кај давателот.

Затоа овој бакнеж се наметнува како одличен сојузник на успешната предигра.

3. Бакнеж “гуштер“

Фановите на “влажните“ бакнежи не можат да се заситат од овој потег. Станува збор за допирање на горната усна на партнерот со вашиот јазик (кои изгледа како да го имитирате гуштерот кој го лови својот плен).

Изненадните допири ќе ја натераат саканата личност да ви се доближи и да продолжите со страствено бакнување.

4. Ангелски бакнеж

Нежно допирање на усните како лесен допир од ангел е идеален бакнеж кога сакате на саканиот да му ја покажете својата  нежна страна.

Овој вид на бакнеж е одличен избор за утринско будење на саканиот.

5. Ескимски бакнеж

Бакнежи со врвот на носот. Ви звучи ли познато?

Лесното триење на врвовите на носот е знак на блискост помеѓу партнерите, па не треба да не чуди што секоја пар сака да го прима и дава.

Прегледи:
2949
Објавено на:
08.07.2016