Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (10 – 11 МАРТ, 2018)

Овен 

Се надевавте на одредена прилика, овој викенд е оној вистинскиот, особено ако во план ви биле љубовта и романтиката. Ќе бидете прилично емотивни и ќе имате потреба за потврда на вашата вредност од страна на оние лица кои се важни на вас. Се ќе биде како што треба, затоа опуштете се.

Бик

Oвој викенд би можело да дојде до одредена промена во вашиот дом. Тоа е позитивно иако на вас ви се чини дека вие сте оптеретени со се што се случува. Некој би можел да се всели или исели. Веројатно би требало да направите некакво преуредување за се да биде како што треба. Намалете ја нервозата.

Близнаци

Што и да правите, најдобро ќе го правите ако има до вас и некој друг. Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте за време на празничниот период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате.

Рак

Овие два дена се среќни за вас и за оние кои ве познаваат. Речиси се што ќе почнете, успешно ќе завршувате. Внимавајте, некои злобни луѓе кои ви завидуваат да не ви го украдат она кое вам ви припаѓа. Бидете сигурни во она што навистина го имате. Внимавајте на финансиите, премногу непланирано трошите.

 

1 2 3

Прегледи:
1135
Објавено на:
09.03.2018