Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (18 – 19 АВГУСТ, 2018)

Стрелец
Некое друштвено случување може да ве стави меѓу многу луѓе – пријатели и познаници. На љубовен план сѐ е добро, но потрудете се повеќе време да поминувате со партнерот и да ја вратите страста во врската.
 Јарец

Можни се мали расправии со партнерот, но не дозволувајте тоа да ве растревожи. Наместо тоа, излезете некаде со пријателите и поминете една луда вечер со нив. Сабота е поволен ден за рекреација и за кардио вежби.

Водолија

Недоразбирањето со саканата личност би можело да ви го одвлече вниманието од професионалните обврски. Не дозволувајте негативните чувства да дојдат до израз, држете ги под контрола. До крајот на викендот, работите повторно ќе дојдат на место.

Риби

Со некои работи едноставно нема да можете да излезете на крај. Можни се конфликти со блиски личности. Едноставно, ова е уште еден од деновите кои најдобро е да ги престпиете. Од утре сѐ ќе се врати во нормала.

1 2 3

Прегледи:
841
Ознаки:
· ·
Категории:
Среќа на денот · Хороскоп
Објавено на:
17.08.2018