Лав
Ве очекува голема забава овој викенд. Но, сепак, бидете внимателни и не претерувајте со алкохолот. Доколку овие два дена треба да донесете некои важни одлуки, донесете ги стабилно и решително.
Девица
Време е за промени. Искористете ја вашата креативност и направете промени во својот дом, но и во својот живот. Имајте за сѐ цврст став и со тоа ќе имате цврст успех на љубовен план и професионален план.
Вага
За работите кои сметате дека се недостижни, сепак има решение. Потрудете се малку повеќе. Не брзајте во донесувањето на одлуки, консултирајте се со најблиските. Посветете си повеќе внимание на себе.
Шкорпија
Викендов е дефинитивно полн погодок за вас. Ви претстојат неколку промени, кои ќе направат да се чувствувате возбудено. Искористете го паметно викендот и отпатувајте до некоја блиска дестинација со пријателите, каде ве очекуваат многу авантури.