Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (24 – 25 МАРТ, 2018)

Лав

Вашите зборови ќе бидат полни со сочувство и разбирање, па многу лесно ќе допирате до срцата на луѓето. Сите недоразбирања ќе ги решавате по мирен пат, со разговор. Но, не заборавајте дека комуникацијата не се состои само од зборување, туку и од внимателно слушање.

Девица

Ѕвездите ви се наклонети и имаат позитивно влијание на вас. Тоа добро ќе се одрази и на вашата околина. Затоа, искористете ги шансите. Вашата планета на пријателство и љубов од викендов се наоѓа во исклучително поволна позиција. Можни се револуционерни промени кои ќе бидат позитивни.

Вага

Вежбањето и релаксацијата ќе направат чуда за вашето расположение. Ќе имате позитивна енергија и неверојатен сјај со којшто ќе ги привлекувате околните. Премногу се разликувате од околината за да ги прифатите сугестиите. Обидете се да им пристапите на проблемите и да најдете соодветно решение за нив.

Скорпија

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците…

1 2 3

Прегледи:
1032
Објавено на:
23.03.2018