Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (24 – 25 НОЕМВРИ, 2018)

Лав

Викендот може да ви донесе доста непогодности и конфликти на деловен план, посебно ако претпоставените ви се женски личности и посебно ако истите имаат проблеми во приватниот живот. Освен тоа можни се возбудувања и емотивни неспокојства, изблици на незадоволство од партнерскиот однос, особено по завршувањето на деловниот дел од денот, кога очекувате малку релаксација, смирување со партнерот од кого очекувате разбирање.

Девица

Ако сте се насочиле кон некоја посебна цел во кариерата, денес ќе добиете голема помош од планетите во исполнувањето на тоа. Пред вас е можност за дополнителна заработка, но нема да бидете сигурни дали сте на правиот пат. Вашата ментална енергија е силна па нема лесно да потфрлите. Очекувајте интересно изненадување.

Вага

Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Ќе добиете интересна порака.

Скорпија

Комуникацијата со вашите пријатели ќе биде одлична. Имате се што ви е потребно со цел јасно и искрено да се искажете без никој да се почувствува навреден. Работите кои ќе ги направите во друштво, ќе ви донесат резултати кои одамна ги посакувате. Можеби ќе треба да поминете подолго време на телефон или компјутер за да ги завршите сите обврски.

 

1 2 3

Прегледи:
940
Објавено на:
23.11.2018