Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (24 – 25 НОЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Утрото можеби нема да можете да се пофалите со одлично расположение, но како што поминува денот, така ќе настапуваат позитивни промени. Во првата половина од денот штедете си ја енергијата и чувајте ја за вечерта кога ве очекува вистинската забава. Одредена средба ќе ви докаже дека во вашиот живот има многу нешта за кои треба да прославите и да се радувате.

Јарец

Имате благопријатни аспекти на сите полиња кои се од голем интерес за вас, а тоа значи на полето на статусот, на полето на деловноста и професионалните активности, на полето на остварувањата. Уживајте во викендот кој следи, ова е поволен период за вас.

Водолија

Здружете ги своите деловни интереси со проверен тим, кој ветува успешна и долгорочна соработка. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински задачи. Одморете се во текот на викендот кој следи, а понеделникот почнете го со нови сили.

Риби

Зголемете ја смислата за вистинските вредности и поставете си нови критериуми во зависност од актуелните случувања. Имате добра визија и важно ви е да ја подобрите својата позиција и влијанието на работната сцена за да ги остварите своите цели.

1 2 3

Прегледи:
941
Објавено на:
23.11.2018