Лав
Во ваш интерес е да избегнувате сомнително друштво или личност која ве деконцетрира во работната акција. Секој треба да формира листа со приоритетни цели и ефикасно да го завршува својот дел од работните обврски. Преземете лична одговорност. Не треба да се грижите поради моменталниот недостаток на инспирација, туку повеќе поради нечиј прикриени намери и емотивно однесување кое ве наведува на заблуда.
Девица
Доколку некој ве наговара на професионален-финансиски предизвик или на заедничка авантура, добро размислете за можнисте последици. Некој може да ги разоткрие вашите тајни намери, поради тоа не бидете наивни и брзоплети. Во љубовните очекувања како постојано да одите чекор испред партнерот. Вашата нестрпливост делува збунувачки на партнерот.
Вага
На директен начин го изразувате своите незадоволство поради некои нови ситуации во работното опкружување. Ве лути нечие ригидно однесување или неправда која ја доживувате во друштво на службените партнери. Избегнувајте ги непотребните сметки и обврски. Иако се наоѓате во чувствителна емотивна фаза, нема потреба да ја иритирате саканата личност или да ја пренесувате нервозата на светот околу себе.
Скорпија
Не треба да зборувате за некоја стара слава кога ви се нуди некоја нова професионална шанса. Успехот подразбира правилна информираност за различни аспекти и добро осмислена акција. Проценете го најдобриот момент за работна иницијатива. Подложни сте на чести промени на своето емотивно расположение, умеете да блеснете или изненадно да се повлечете во „светот на тишината“. И на другите не им е лесно правилно да ве разберат.