Стрелец
Вишокот на гордост во овој момент може да ви попречи или да ве наведи на некој погрешен заклучок. Нема потреба да инсистирате на лидерска позиција меѓу соработниците. Вистинските експерти секогаш најдобро се препознаваат на дело. Неочекувано се соочувате со иронична ситуација, нечиј гест делува како погрешен емотивен сигнал. Непотребно е да се одалечувате од партнерот и да пропуштите нова шанса.
Јарец
Некој во последен момент инсистира на промена на службен договор и користи малку лукавство. Нема потреба да ги докажувате своите способности во погрешни ситуации или кога не постојат услови рамноправност на работното место. За жал, љубовниот партнер не може да ги исполни сите ваши „слатки соништа“. Посакувате поголемо разбирање од она што го добивате и бескрајно внимание кое би ве усреќило.
Водолија
На погрешен начин ги поврзувате новите случувања на работната сцена, а нечие однесување го толкувате во согласност со своите потреби. Мора да сфатите дека нечие одобрување и големи комплименти немаат посебна употребна вредност. Избегнувајте ги чувствителните теми кои претставуваат вовед во нова расправија со саканата личност Нема потреба премногу строго да ги оценувате нечиј мани.
Риби
Некој не ги исполнува вашите основни очекувања или заеднички договор, но вие се однесувате како да не забележувате ситни неправилности. Со игнорирање на работните проблеми ништо не добивате, линијата на помал отпор не води во правец на позитивни решенија. Без оглед на емотивниот пропуст или на грешката која сте ја направиле, избегнувајте го одалечувањето од друштвото и осамувањето. Размислувајте во позитивен правец.