Категории

Вистинската љубов е длабока, страствена и безусловна – Оние кои ви велат да ги намалите очекувањата ве излажале

Вистинската љубов се доживува длабоко, страсно и безусловно –  Се друго во кое ве убедиле е погрешно. Тоа единствената љубов која треба да се стремиш да ја пронајдеш, и да не се задоволуваш со ништо помалку.

Вистината е, мислам дека длабоко во нас сите сакаме љубов. Без разлика дали ќе ја извикате од највисоката зграда или ќе ја чувате насобрана во себе, сите ние само сакаме да нè држат и тешат во нашите најмрачни денови. Сите ние сакаме таков вид на љубов што ни носи мир и чувство дека сè е во ред на овој свет. Сите сакаме да ја најдеме таа љубов што е неописливо магична. И не треба да се плашиме да кажеме дека сакаме да се заљубиме, и тоа не на обичен начин со повремени дејтови, туку целосно-конзумирачка љубов од која целото тело ти трепери и чувствуваш експлозии од чувства. Таква љубов која се држи цврсто низ сите магли и невремиња. И во ред е ако не сакате да бидете дел од оној вид на врски кои се без обврски, во ред е да посакувате нешто кое ќе ви го преврти целиот свет и за кое ќе живеете и сонувате и дишете.

Во ред е да посакувате љубов од која нема да се прашувате себеси постојано дали сте доволно добри за нив или само со вас го поминуваат времето додека не им наиде следната добра прилика. Тоа не е љубов, тоа е досада, и досадата не треба да биде именката која ќе го наведува некого да сака. Љубовта треба да биде со некој што е заинтересиран за вашето минато како и за личноста која сте станале денес. Некој што е заинтересиран за вашата иднина, каде одите и колку далеку можете да одите заедно. Да бидете заљубени во некој што верува дека довербата не е само „убаво да се има“, туку е очекување. Некој што не ве слуша само затоа што мора, туку затоа што навистина се грижи за зборовите што му излегуваат од усните. Се грижи за твоите стравови, желби, несигурности, случајни мисли кога се тушираш, признанија од моите помлади години; и се грижи за сето тоа.

Без постојано да се прашуваш дали навистина те сака бидејќи ќе го знаеш тоа од начинот на кој ја допира твојата рака кога ќе се чувствуваш исплашено. Начинот на кој те теши во тишина кога си премногу изморен од зборување, од начинот на кој се справувате заедно со тешките мигови. Можеби ова делува како нешто кое би го посакале само безнадежни романтичари, можеби за некои изгледа премногу погрешно и треба да се намалат очекувањата, но ова е всушност љубовта каква што навистински треба да биде. Вистинската љубов се доживува длабоко, страсно и безусловно –  Се друго во кое ве убедиле е погрешно. Тоа единствената љубов која треба да се стремиш да ја пронајдеш, и да не се задоволуваш со ништо помалку.

 

Прегледи:
706
Објавено на:
22.04.2021