Категории

Вистинската љубов ве учи на нови начини да сакате секој ден

И, еден ден ќе разберете дека љубовта не ве повредува и не прави да се чувствувате погрешно разбрани. Љубовта не дава мешани сигнали и не ве збунува.

Љубовта не е еднострана или несигурна за вас, љубовта не е влегување и излегување. Љубовта не ве тера да заминете и не ве испушта од раце.
Љубовта ве фаќа за рака и ве тера да останете. Љубовта ги слуша вашите мисли и ве разбира, љубовта знае дека не сте совршени, но сепак ве прифаќа – со сите остри рабови и лузни.

 

Љубовта прифаќа дека ви е потребно време и ви дава простор да оздравите. Љубовта не прави да се чувствувате недостојни, не, љубовта ве учи дека сте вредни за се дури и повеќе. Љубовта не ве задржува или спречува да летате, љубовта станува причина да ги раширите крилјата за да го допрете небото. И најважната лекција на сите – љубовта ве учи на нови начини да се сакате секој ден.

Прегледи:
638
Објавено на:
27.03.2021