Категории

Витаминска вода за подобар метаболизам – благодет за целото тело! (РЕЦЕПТ)

Состојките во домашната витаминска вода имаат посебно благотворно дејство на стомакот, бидејќи го смируваат желудникот, а истовремено го ослободуваат телото од насобраните отрови.

Најразличните индустриски витамински води всушност се преполни со вештачки засладувачи кои во организмот прават повеќе штета отколку корист. Доколку сте едни од оние кои не сакаат да пијат вода, а сакате да уживате во освежителен напиток, ви претставуваме рецепт за домашна витаминска вода на која особено ќе и биде благодарен вашиот стомак.

Состојки:

  • 2 литри вода
  • 1 лажичка свежо изрендан ѓумбир
  • 1 краставица средна големина
  • 1 лимон
  • 12 листови нане

Подготовка: 

Краставицата и лимонот исечете ги на кругови, а ако имате домашни плодови кои не се третирани со пестициди, пожелно е да ги искористите со кора. Исечените парчиња ставете ги во тегла и додадете ги останатите состојки, а потоа прелијте ги со вода. Водата ставете ја во фрижидерот и оставете ја така да стои најмалку 8 часа, а повремено промешајте ја.

Прегледи:
470
Објавено на:
12.04.2018