Категории

Витамински сок од моркови: Го буди целото тело!

Нема ништо подобро од тоа да го разбудите вашето тело со сок од моркови. Покрај тоа што го чисти организмот, овој сок ќе ве наполни со витамини

Потребно е:

  • 1 поголем морков
  • 1 мандарина
  • 1 јаболко
  • 1/2 банана
  • 1/2 лимон
  • 1 лажичка мед
  • 300 мл. вода

 

Подготовка:

Во блендер истурете ја водата и исечете го морковот на кругови. Додадете го исеченото јаболко, бананата, исцеден сок од мандарина и сок од лимон. Ставете и една лажичка мед. Убаво изблендирајте во блендер и уживајте!

Прегледи:
1203
Објавено на:
05.03.2020