Категории

Внимателно со контактните леќи: Оваа грешка може да направи да го изгубите вашиот вид

Контактните леќи се ефикасен начин за корекција на видот и одлична замена за очилата. Но, само доколку за нив се грижите на вистински начин, во спротивно, може да доведе до повреда на очите и ифнекција.

Дали смеете да спиете со контактни леќи?
Ги прашавме стручњаците и тие одговорија. Леќите бараат висок степен на хигиена, советуваат темелно на темелно миење на леќите но и рацете пред употреба. Офталмолозите се стриктно против спиењето со контактни леќи. Велат дека дури и дремењето на кратко претставува опасност.
„Кислородот од воздухот е важен за здравјето на здравата рожница. Модерно дизајнираните меки леќи овозможуваат доволен доток на кислород преку леќите, но ситуацијата е подруга кога спиењеме. Кога очите се затворени, тоа го намалува кислородот кој може да влезе во очите и потенцијално можете да створите голем проблем“ велат тие.
Спиењето со леќи може да предизвика чир на очите.

Ако забележите црвенило, болка или намален вид, или не можете да ги извадите леќите веднаш побарајте помош и совет од лекар.
По потреба користете капки за очи, тие ќе ги навлажнат очите и ќе ви помогнат во нивно полесно вадење.
Капките за очи или вештачките солзи се неопходни во текот на денот кога ги носите леќите доколку страдате од суви очи. Внимавајте да не ги носите леќите подолго од 10 часа дневно.

Прегледи:
680
Објавено на:
27.09.2019