Категории

Во 10 скопски општини има заразени лица со коронавирус, а ова е точниот број на заболени во нив

Карпош е општината со најголем број заразени во Скопје – вкупно 27 лица, покажува статистиката од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во 10 скопски општини има заразени лица со коронавирус, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

На територијата на Скопје досега се регистрирани вкупно 134 случаи.

Најголем број заразени има во Карпшош – 27. Следни на листата според мапата се Гази Баба, Кисела Вода и Центар со по 20 заразени граѓани.

Понатаму е Ѓорче Петров со 11, Аеродром со 8, Сопиште со 7. Во Бутел има 4, Чаир – 3, Илинден 2.

Во главниот град има и 11 заразени пациенти кои се од друг град, но живеат во Скопје, како и еден странец.

Инаку, два од овие 134 случаи регистрирани на територијата на Скопје се излечени.

Прегледи:
552
Објавено на:
27.03.2020