Категории

Во декември го садиме семето на иднината: Следете го своето срце и делувајте паметно

За почеток неколку прашања… Ја завршуваме најкармичката година во милениумот, па да одвоиме време да се вратиме наназад. Каква личност бевте во декември 2018 година? Што се промени? Дали пораснавте, созреавте? Каква личност сакате да бидете во декември 2020 година?

Во декември го садиме семето на иднината

Ќе не опкружува плодна енергија, затоа бидете внимателни: ако не планирате да растете, водете сметка да се заштитите. Одлуките донесени во декември имаат силен и долгорочен ефект, затоа бирајте мудро. Следете го своето срце и делувајте паметно. Тоа е добитната комбинација.

Односите повторно доаѓаат до израз

Ќе забележите дека сакате повеќе блискост. Па, поради тоа, било какви прекинувања на односите многу повеќе ќе се чувствуваат. Можеби ќе се чувствувате поосамено од обично. Важно е да сфатите дека никој не може да ве усреќи и дека мора да работите на себе. Нечие присуство може да ви помогне да бидете подобра личност. Важна лекција во декември ќе биде прифаќањето себеси и своите најмили. Секој од нас има право да биде она што е. И вие. Како и вашите родители. И вашите деца. Како и вашиот партнер, претпоставен, сосед, пријател…

Можни се изливи на его, навреди и емоционална манипулација

Крајот на 2019. година е време кога ќе се појават емоционалните вампири, веќните жртви и манипулатори.

Нека енергијата на празниците во декември не потсети на вистинските животни вредности: љубов, мир, вистина и почит меѓу луѓето.

Ви посакуваме сѐ најдобро!

Прегледи:
462
Објавено на:
25.12.2019