Категории

Во Франција, патишта од соларни панели

Издржливите соларни патишта стануваат реалност, а во блиска иднина, можеби и ти ќе можеш да возиш по таков (ако тркнеш до Франција).

 Француската влада најави дека планира да инсталира трајни фотоволтаични панели на преку 1.000 км патишта, во следните пет години, со цел да се обезбеди обновлива енергија за околу 5 милиони жители, во превод – за околу 8 проценти од француското население.

Се проценува дека само 20 метри квадратни панелна површина можат да напојуваат просечно француско домаќинство. Тоа значи дека со секој инсталиран километар, 5000 француски домови ќе можат да се напојуваат од генерираната енергија.

Соларниот пат не е нова идеја, ама досега недостигаа практични решенија за негово изведување. Сепак, годините на соработка и заедничко истражување помеѓу француската градежна фирма за патишта „Colas“ и Францускиот национален институт за соларна енергија (INES), доведоа до нова, неверојатно тенка соларна површина на патиштата, наречена „Wattaway“.

Патиштата се зафатени од автомобили во само 10% од времето, а од Colas веруваат дека ова остава простор за големо производство на енергија.

Новиот систем може да се постави на површината на постоечките патишта без потребата од нивно оштетување или реинсталација на постоечката инфраструктура.

Панелите (налик на плочки), лежат директно на патната површина, а се изработени од тенок слој од поликристален силикон и обложени со супстрат од смола, што ги прави многу поцврсти, но и со поголем контакт на гумите на автомобилот со површината – што би требало да води кон помалку сообраќајни несреќи. Целата структура е дебела околу 7 мм.

Прегледи:
551
Категории:
Технологија
Објавено на:
04.02.2016