Категории

„Во ист свет живееме“: Денес е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Светскиот ден на Даунов синдром, 21 март, се одбележува на глобално ниво за подигнување на свеста кај луѓето за лицата со пречки во развојот.

Овие луѓе треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството кои се способни да ги бараат своите права, способни да живеат осмислен живот и да придонесат кон градење инклузивно и одржливо општество.

Зошто токму 21-ви март?

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува токму на 21 март бидејќи март е третиот месец во годината и претставува симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.

Во Кинотеката на Македонија денеска во 17 часот ќе биде отворена фотографска изложба и три документарни филмови на американски асоцијации, здруженија на даунов синдром.

Прегледи:
970
Објавено на:
21.03.2018