Категории

Во која годишна доба мажите се најлоши за жените – и која е причината

Колумнистката Џана Хокинг од Австралија открива зошто според нејзиното мислење, жените не би требало да влегуваат во врска со мажи кои се наоѓаат во триесеттите години од животот.

Таа вели дека мажите во оваа доба не се идеален избор за жените кои планираат сериозна иднина со партнер.

„Стојте понастрана од мажите помеѓу 30-40 години“, вели таа.

„Ако барате партнер, предлагам да пронајдете некој во дваесеттите години затоа што е голема веројатноста тој маж да бара љубов. Исто така добар избор се мажите од 40 години кои обично повторно бараат љубов после разводот.“, објаснува таа и додава дека мажите во триесеттите години потешко се врзуваат.

Таа нагласува дека со триесетгодишниците е секако потешко да се влезе во врска затоа што мажите во тие години обично одлучуваат на заеднички живот и засновање на семејство но со партнерка со која веќе долго биле во врска. Како што вели, не е веројатно дека тие кои се слободни ќе сакаат нешто сериозно.

„Сето тоа го зборувам од лично искуство“, предупредува Џана.

Прегледи:
480
Објавено на:
05.08.2020