Категории

Во која земја луѓето живеат најдолго?

Многу истражувачи се обидуваат да ја пронајдат тајната на вечниот живот. Иако еликсирот за вечна младост сеуште не е откриен, сепак интересен е податокот дека во некои земји животниот век е многу поголем од просечниот кој изнесува 71 година. Дали знаете во која земја луѓето живеат најдолго?

Јапонија

Во Јапонија просечниот животен век е 83 години. Јапонците веќе години наназад се народ кој најдолго живее. Окинава, која често ја нарекуваат и земја на бесмртноста била глобален центар за истражување на долговечноста кај човекот. Токму Окинава е избрана за истражување бидејќи на овој јапонски остров живеат повеќе од 400 луѓе кои го прославиле својот 100-ти роденден.

Откриено е дека голема улога во долговечноста на луѓето кои живеат на овој остров има начинот на нивната исхрана. Во неа доминира прочуеното тофу, сирење од соино млеко со високо ниво на протеини, сладок азиски компир и риба. Исклучително активниот друштвен живот во заедницата, типично за постарите личности кои живеат во Окинава- значајно допринесува за намалување на нивото на стрес, што е секако голем фактор кој оди во прилог на нивната долговечност.