Категории

Во овој случај не помага ни убавината: Вакви девојки мажите не сакаат!

Колку и да сте убави и шармантни, овие особини ќе го одбијат секој маж

Секако, вкусовите се различни и за нив наводно не се расправа. Но, постојат некои женски особини за кои голем дел од мажите ќе се согласат дека не се нималку атрактивни и едноставно можат да направат тој да побегне.

Девојки кои стално приговараат и со ништо не се задоволни
Таквите жени никогаш не се задоволни, и во се бараат негативност и ништо не им е доволно добро. Што и да направи нивниот партнер, тоа секако не е добро. Тие приговараат за се, од тоа како се облекол, каква фризура има, каков поклон и купил, како му изгледа собата, што зборува, како се однесува во друштво..
Со своето приговарање тие ја уништуваат самодовербата на мажот и само е прашање на време кога тој ќе побегне без оглед на се. Рака на срце – дали би посакувале да имате покрај себе дечко кој постојано нешто ќе ви приговара?

Девојки кои веруваат во принц на бел коњ
Момците не сакатат наивно романтични девојки кои будно сонуваат за совршен живот, куќа со цвеќе и принцот Совршен. Сонувањето не е лошо, но исклучиво во разумни и реални околности. Меѓутоа, ако жената уште од првиот ден ја планира иднината до најмала ситница (дури го избрала и името на кучето кое ќе го имаат), тоа најчесто го замара партнерот кој ќе почне да го планира своето бегство.

Љубоморни и посесивни девојки
Секој маж сака слободно време само за себе – како и ние. Сака да излегува со своите пријатели на машко дружење. Многу му е важно дали партнерката му верува и не го ѕвони на секои 5 минути и постојано му испраќа пораки. Од друга страна, момците сакаат кога девојките им даваат до знаење дека им недостигаат, но се додека сето тоа не е претерано.

Прегледи:
448
Објавено на:
18.11.2019