Категории

Во понеделник не смеете да застанете на вага: Еве зошто!

Истражувањата го потврдиле тоа, а еве и зошто е така!

Во текот на неколку години поминати во истражувања, 80 од мажите и жените, се мереле секое утро, пред појадок, а научниците го прателе трендот на раст и пад на килограмите во текот на седум дена.

На крај дошле до заклучок дека испитаниците во понеделник имаат најголема тежина, додека 74% од нив во петок имале најниска.

Причината за тоа е фактот што во работните денови сме физички активни за разлика од викендот – без рзлика дали вежбаме или не, во сабота и недела сме опуштени, па и поспоро трошиме калории.

Кога на сето тоа ќе се додаде и фактот дека во текот на работната недела повеќе внимаваме што и колку јадеме за разлика од викендот, поголемата бројка на вагата е очекувана.

Затоа, не тагувајте, само избегнувајте ги понеделниците за мерење на вашата тежина.

Прегледи:
523
Објавено на:
24.06.2019