Категории

Во што е магијата? Зошто некој се заљубува во вас, а некој не?

Сигурно барем еднаш во животот сте се запрашале што е причината во тоа кога некој ќе се заљуби во вас

Објаснувањето и вербализирањето на причините поради кои некој се заљубува во некоја личност најчесто не е возможно поради што се коментира дека љубовта е слепа. Ако љубовта и е всушност без вид, тогаш како би го објасниле сето тоа?

Не само што луѓето секојдневно се мачат да го одгатнат ова прашање, дури и научниците се обидоа да пронајдат одговор на вечната љубовна мистерија. Резултатите се интересни иако не се сосема непредвидени. Тие споделуваат дека „еурека“ одговорот всушност ни бил пред носот цело ова време.

Вие мислите дек аможете да се заљубите во било кој или дека ќе ја пронајдете сродната душа, додека психолозите го кажуваат следното:

-Луѓето имаат тенденција да се заљубат во луѓе кои им се слични. Значи „Секоја птица во свое јато“. Оние со кои делат заеднички вредности, често се сличен раст или имаат слични животни искуства.

-Ако сакате некој да се заљуби во вас, шансите да проверите колку е тоа возможно се кријат во генетиката и родителите на личноста која вашето срце ја посакува. Тоа значи дека доколку вие ги поседувате особините на родителите на вашиот сакан, имате добри шанси таа желба да ви се оствари.

-Голем удел во физичката привлечност има и биологијата на која тешко може да се влијае. Откритието е следно, жените се попривлечни кога се во овулација, веднаш после циклусот, додека мажите веднаш после вежбањето и спортувањето, затоа што тогаш лачат повеќе тестостерон.

-Личностите кои и со своето тело оставаат впечаток на отворени и позитивни, имаат поголем успех во тоа некој да се заљуби во нив.

-Споделувањето на возбудливи или застрашувачки искуства е одличен начин да ја пронајдете вистинската личност, тврдат психолозите. Оние кои уживаат во екстремните спортови најчесто се заљубуваат во личности кои со задоволство би им се придружиле во тие активности.

-Ако вие и вашата симпатија живеете блиску еден до друг, голема е веројатноста дека сето тоа ќе се претвори во нешто друго, затоа што случајните средби можат да помогнат во процесто на зближување.

-Насмеаните девојки имаат подобри резултати кои е во прашање заљубувањето. Истражувањата покажуваат дека оние кои се смеат повеќе имаат поголеми шанси да освојат нечие срце.

Прегледи:
1052
Објавено на:
09.04.2020