Категории

ВО СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ ЗАФИР ХАЏИМАНОВ! 17 ДЕКЕМВРИ МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

Почитувани,

Со голема гордост и задоволство ви го најавуваме последниот настан од проектот ,,Месец на 30 години Авалон Продукција” – концерт во чест на големиот Зафир Хаџиманов!

Да бидеме реални, Република Македонија нема многу легенди како Зафир Хаџиманов, признати регионално и пошироко.

Зафир не’ напушти некако тивко, во едно лошо време, во време на короната и до ден денес тоа воопшто и на ниту еден начин не се одбележа во неговата матична земја, Македонија.

Токму тоа не’ натера, во склоп на програмата ,,30 години Авалон Продукција” да му го предложиме овој проект на неговиот син, успешниот и квалитетен музичар Васил Хаџиманов, кој тој со задоволство го прифати, а ние со уште поголемо задоволство ви го најавуваме.

Па така, на 17 декември во Македонска филхармомија ќе се слави животот и делото на Зафир Хаџиманов со многубројни гости музичари и уметници за кои сме сигурни дека ќе ни овозможат да уживаме во дел од неговиот творечки опус.

На 17 декември со нас ќе бидат:

Васил Хаџиманов бенд,

Бисера Велетанлиќ,

Калиопи,

Коле Ангеловски,

Никола Ристановски,

Сашо Гигов – Гиш,

Марта Хаџиманов и

Виктор Тумбас.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (24 ноември) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени:

1.500 денари и

2.000 денари – ВИП.

Важно: овој концерт е единствен и нема да има реприза.

Ваша,

Авалон Продукција

 

Прегледи:
184
Објавено на:
24.11.2023