Категории

Во Тајланд е смислена необична чинија за која тврдат дека ги впива мастите и симнува 30 калории по оброк

Оваа необична чинија го апсорбира вишокот на маснотии од храната.

Тајланд е познат по својата вкусна, но прилично мрсна храна. Поради големата количина на масти која ја има тамошната храна, Тајланд стана втора држава во југоисточна Азија по број на дебели луѓе, известува Business Insider. Многу Тајланѓани кои ја конзумираат таквата храна имаат високо ниво на холестерол и висок крвен притисок.

За да се ослободат од овој здравствен проблем без менување на навиките во исхраната на жителите, рекламната агенција BBDO Bangok, во соработка со државната Организација за промоција на здравјето, ја создала чинијата AbsorbPlate.

500 дупчиња ги впиваат мастите

AbsorbPlate е чинија која содржи многу малечки дупчиња, околу 500, кои допуштаат маснотиите од јадењето да се апсорбираат во нив.

https://www.youtube.com/watch?v=A75YCBz9wv0

За создавањето на оваа чинија дизајнерите биле инспирирани од површината на сунѓерот, а во рекламното видео за AbsorbPlate се наведува дека чинијата од секое јадење може да апсорбира 7 милилитри масти, што е во просек 30 калории по оброк. Чинијата сè уште е во фаза на изработка и засега не е познато кога ќе влезе во продажба.

Прегледи:
349
Објавено на:
20.05.2016