Категории

Во Турција пронајдена статуа на божицата Хигија која отвора нови прашања за култот за здравјето

Ајзаној бил важен економски и политички центар во римско време. Статуа на грчката божица на здравјето и покровителство на фармацевтот Хигија беше пронајдена за време на археолошкото ископување во античкиот град Ајзаној во централна Турција.

Како и повеќето статуи пронајдени во Турција, така и оваа статуа нема глава и е со големина на маж.

„За време на последните ископувања во Ајзанои, најдовме други работи поврзани со Хигиja и оваа ситуација што наведува да мислиме дека во римско време можеби имало некои згради и градби поврзани со култот на здравјето во Ајзанои,“ рече координаторот на ископувањата Гокан Коскун.

Археолошкиот локалитет стар речиси 5.000 години во Ајзаној се наоѓа во близина на градот Чавдархисар во провинцијата Кутахија, и таму е еден од најдобро сочуваните храмови посветени на Зевс, врховниот бог на грчката митологија. Ајзаној бил важен економски и политички центар во римско време, и во јануари 2021 година, археолозите, предводени од Елиф Озер од Универзитетот во Памуккале, откриле 651 римски монети стари околу 2.100 години.

Прегледи:
517
Објавено на:
21.08.2021