Категории

Во училиште во Ирска на децата по еден месец им се укинуваат домашните за да прават добри дела

Училиште во Ирска секоја година, по еден месец, ги укинува домашните задачи и наместо нив им задава задачи за правење добри дела на учениците (kindness assignments). Во понеделник треба да комуницираат и да помогнат на некое старо лице. Во вторник треба да му помогнат на семејството во домашните работи самоиницијативно, без некој тоа од нив да го бара. Во среда треба да направат некоја добрина по сопствен избор. Во четврток треба да си направат добрина самите на себе си и да покажат грижа за своето ментално и емоционално здравје.

Од учениците се бара да водат Дневник на добрини и во него да ги запишуваат сите добрини кои ги направиле. Во училиштето пак се става Кошница за добрини во која учениците можат слободно да оставаат картички на кои запишале сопствени искуства, позитивни мисли и пораки упатени до другите за да се јакне самодовербата на учениците. Во петок, по случаен избор се извлекуваат картички од кошницата и се читаат на глас пред сите ученици.

На крајот од Месецот на добрина, секое одделение спроведува колективна задача на покажување и правење добрина за заедницата, која самите ученици си ја избрале.

Од училиштето велат – не е наша работа да ги полниме учениците само со знаење, туку и со добрина.

Прeкрасно, преинвентивно и прекорисно!

Кога во некое наше училиште ќе се случи вакво нешто?

 

Фејсбук статус на: Калина Коси

Прегледи:
683
Објавено на:
13.12.2019