Категории

ВО УНИВЕРЗУМОТ ОТКРИЕНИ ПОВТОРУВАЧКИ СИГНАЛИ ОДДАЛЕЧЕНИ МИЛИЈАРДИ ГОДИНИ ОД ЗЕМЈАТА

Астрономите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) уловиле ритмички и повторувачки радио сигнал од галаксија оддалечена милијарди светлосни години од Земјата, објавија американските медиуми.

Научниците сè уште не успеале да ја утврдат точната локација на овие радио бранови, кои се повторуваат ритмички слично на отчукувањата на срцето, но со многу подолга амплитуда од претходно снимените сигнали.

Астрономите се сомневаат дека изворот на овие бранови би можеле да бидат неутронски ѕвезди, кои настанале од јадрата на џиновските ѕвезди кои претходно се распаднале. Сигналите се јавуваат континуирано и траат до три секунди, велат истражувачите, додека повеќето такви радио бранови траат само неколку милисекунди.

„Нашиот тим откри таканаречени рафали на радио бранови кои се повторуваат на секои 0,2 секунди во посебна периодична шема, слична на отчукување на срцето, која трае речиси три секунди“, се вели во соопштението на МИТ.

Даниеле Микили, истражувач во Институтот за астрофизика и вселенски истражувања Кавли при МИТ, нагласува дека брановите имале и многу прецизни периодични врвови.

„Не само што брановите се многу долги, траат околу три секунди, туку имаше периодични скокови кои беа исклучително прецизни, емитувајќи го секој дел од секундата – бум, бум, бум – слично на чукање на срцето. Ова е првпат самиот сигнал да биде периодичен“, рече Микили.

Прегледи:
288
Објавено на:
15.07.2022