Категории

Вода која ги топи масните наслаги: Овој пијалок е хит во Холивуд, а се прави многу едноставно

Водата со вкус која наводно го одржува фит изгледот на телото, претежно е преполна со вештачки засладувачи кои на организмот му прават многу повеќе штета отколку корист. Затоа, направете го овој природен пијалок кој го зајакнува имунитетот и ги топи масните наслаги.

Доколку сте еден од оние луѓе на кои вкусот на обичната вода им е блуткав, а сакате да уживате во витамински освежителни пијалоци, ви донесуваме рецепт за домашна вода на која посебно ќе бидат благодарни вашешто варење на храната и стомакот.

Состојки:

» 2 литри вода
» 1 чајна лажичка свежо рендан ѓумбир
» 1 краставица со средна големина
» 1 лимон
» 12 листови нане

Подготовка:

Краставицата и лимонот пресечете ги во кришки, доколку имате домашни плодови пожелно е да ги искористите со кората. Пресечените кришки ставете ги во стаклена чинија и додадете ги останатите состојки и сето тоа прелијте го со вода.

Мешавината ставете ја во фрижидер и оставете така да отстои најмалку 8 часа, а повремено мешајте ја.

Состојките во домашната витаминска вода имаат особено добро дејство на стомакот бидејќи го смируваат варењето на храната, а освен тоа го ослободуваат телото од собраните токсини.

2

Лимонот со познатото изобилие на витамин Ц ја поттикнува работата на црниот дроб – орган одговорен за прочистување на организмот.

Краставицата содржи 90 отсто вода од која се ослободуваат состојки заслужни за детоксикација на телото.

Ѓумбирот помага во одржување на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги ублажува грчевите и помага против гадење.

Нането го стимулира согорувањето на масните наслаги, помага во елиминацијата на токсините од телото, а исто така ја олеснува болката во стомакот.

Прегледи:
608
Објавено на:
14.06.2016