Категории

Возрасните забораваат како е да се биде дете

Зошто првите неколку години од животот на детето се толку важни?

Помеѓу раѓањето и тригодишна возраст детето расте и се развива побрзо отколку во било кој друг период од животот.

Критично за првите години е развојот на мозокот на детето. Мозокот најмногу се развива во првите три години од животот на детето, поставувајќи основа за идниот развој.

Се што правиме, мислиме и чувствуваме е искуство кое оди преку мозокот. Мозокот ни овозможува да сакаме и да се смееме, да плачеме и потоа да се чувствуваме подобро, да бидеме збунети и потоа да разбереме.

РАЗВОЈ НА МОЗОКОТ

После раѓањето бебето има околу 100 милијарди нервни клетки, иако мозокот се уште не е целосно развиен. Во првите неколку години од животот овие клетки развиваат витални врски и патеки во мозокот што влијае на емотивниот, социјалниот и интелектуален развој на детето.

Мозокот трпи влијанија од околината на детето во овие рани години.

Мозокот ги користи сетилата (очите, ушите, носот, јазикот и кожата) за да ни претстави што се случува наоколу. Секое искуство што го доживуваме се филтрира преку сетилата. Нашите сетила праќаат сигнали до мозокот кои може да се менуваат како нашиот мозок ги обработува искуствата и информациите.

ВАЖНАТА УЛОГА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО РАНИТЕ ГОДИНИ

Научниците востановиле дека односите меѓу родителот и детето во раните години влијае на мозокот на детето на различни начини.

Новоразвиените врски во мозокот може да не бидат доволно цврсти, другите може да не бидат користени, а некои може да се избришат. Ако се пружа љубов и грижа во раните години врските за добро и за учење во мозокот се зацврстуваат.

На бебињата и малите деца потребно им е многу допирање и стимулации за да можат да учат и растат на најдобар можен начин.

Раните позитивни односи со родителите ја стимулираат љубопитноста, самодовербата и сигурноста кај децата.

Овие односи ќе им помогнат на децата подобро да се снаоѓаат во животот.

ЗА ВРЕМЕ НА РАНИТЕ ГОДИНИ ПОМИНЕТЕ ВРЕМЕ:

Допирајќи го и галејќи го вашето дете

Зборувајќи и смеејќи се со детето

Препознавајќи ги и одговарајќи на сигналите од детето

Дозволете му на детето нови искуства и можности

Настојувајте вашите деца да се чувствуваат сигурни и безбедни

Прегледи:
426
Објавено на:
02.03.2016