Категории

Време е за CROSSFIT WINTER CHALLENGE 2019: Проверете ги своите физички капацитети!

Традиционално, осма година за ред, се одржува најстарото, највозбудливото и најбараното КросФит натпреварување во Македонија –Winter Challenge 2019. Натпреварувањето, пред сѐ има за цел да овозможи дружење и забава, а воедно ќе имате можност да го проверите вашиот физички капацитет и кондиција.

Ова се условите за учество во Winter Challenge 2019:

1. Натпреварот ќе биде тимски. Тимот треба да биде составен од двајца со исти пол. На ова натпреварување ќе има само Rx категорија. Победникот ќе се одреди по 5 вежби.

2. Вкупно 15 тимови може да се пријават. Пријавувањето се затвара на 12 Декември 2019 .

3. Пријавувањето ќе биде по принцип: ПРВ ПРИЈАВЕН, ПРВ УСЛУЖЕН! Пријавувањето ќе биде ИСКЛУЧИТЕЛНО преку ВЕБ СТРАНАТА НА КРОСФИТ СКОПЈЕ! (буквите обележени со сина боја).
Нема да се дозволи пријавување на лице место!.

4. Пријавувањето ќе биде само со ИМЕТО на Тимот. Ве молиме НЕ СТАВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ИМИЊА, како секоја година. Ви благодариме на разбирањето!

5. Котизација за натпреварувањето е 1200ден по Тим. Плаќањето исто така ќе биде преку веб сајт.

6. Наградите дополнително ќе бидат одредени.

Генерална Физичка Подготвеност

За да се пријавите на ова натпреварување треба да имате препорачана физичка подготовка со следните вредности:

Recommended GPP (General Physical Preparedness):

Gymnastics:
Pull ups (unbroken) – 30 M / 15 F
Push ups (unbroken) – 70 M / 50 F
Muscle Up (unbroken) – 10M / 8 F
Handstand Walk (min) – 3m M / 3m F

Weightlifting:
Squat clean – 110kg M / 80kg F
Back Squat – 150kg M / 100kg F
Deadlıft – 200kg M / 130kg F

Endurance:
Row 2k under 7 min
AirBike min 35Cal in 1 min
100 Burpees under 7 min

Бидете и вие дел од најдоброто КросФит натпреварување!

Прегледи:
699
Објавено на:
03.12.2019