Категории

Време е за промени? Топ 5 совети како да бидете успешни оваа година

Доколку работата веќе не ве мотивира, време е за промена. Едуцирајте се и поврзете се со колегите, бидејќи на тој начин ќе се чувствувате удобно и корисно на работното место.

Бидете искрени кон себе и соочете се со тоа што ви ја црпи енергијата на работното место

Можеби околностите ве натерале да преземете одговорност или видови на работни обврски кои не сте ги сакале и едноставно не ви лежат. Доколку секој ден ви завршува така што сте преморени и одвај гледате, време е да размислите што можете да промените. Можеби ви треба нов распоред на обврските помеѓу вас и колегите и на тој начин ќе ја задржите енергијата за нешто што е за вас покорисно и соодветно.

Што да направите кога веќе не чувствувате предизвик?

Дали престанавте да учите? Сите обврски се претворени во рутина, махинално изработени? Нема веќе нови проекти, соработки, нови луѓе? Доколку често си ги поставувате овие прашања, време е да преземете иницијатива. Смислете некоја нова идеја и предложете им ја на тимот и шефовите за да се имплементира. Аргументирајте зошто е тоа добро за компанијата и луѓето во неа. Ентузијазмот може да ве одведе до нови пространства и да предизвика задоволство.

Едукација

Во денешно време, доколку не учиме нови работи постојано, не само што стоиме во место, туку и тонеме наназад и губиме чекор со времето. Кога последен пат отидовте на некоја едукација, семинар? Постои ли некоја интересна конференција по ваша струка која треба да ја посетите? Време е да научите нешто ново и да го унапредите своето знаење и способности.

Поврзете се со другите

Можеби вашиот деловен круг е тесен и ретко доаѓате во контакт со другите колеги, а клиентите никогаш не ги гледате. Доколку се движите во истиот круг потојано, обидете се да излезете од него и поканете го новиот колега на ручек. Предложете да се состанете во поширок состав по завршувањето на работното време на некоја спортска активност или концерт. Поврзувањето со колегите ќе ви помогне подобро да ги запознаете, па така и работните обврски ќе бидат полесни и попријатни.

Одвојте малку време да размислите

Во денешно време владее брзо темпо на живот и во таа бркотница со времето многу работи ги завршуваме по инерција, а тоа може да не одведе во погрешна насока. Добро е малку да застанеме и да размислиме – што се случува со мојата кариера? Дали се развива онака како што посакувам? Постојат ли некои соништа кои ги имав, но со текот на времето ги занемарив? Доколку продолжам вака уште 2, 5 или 10 години, дали ќе бидам задоволен од себе? Кога ќе размислите која е вашата цел во животот, подобро ќе се насочите кон себе и својата иднина.

Прегледи:
425
Објавено на:
09.01.2018