Категории

Време е за шопинг во Копче: Во периодот од 03-22 февруари искористете го попустот и освежете ја вашата облека

Веќе речиси две години проектот под назив „Копче“овозможува поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски примања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.


Тоа е местото каде што може да најдете уникатна „second hand“ облека по најповолни цени. Копче ги поврзува хуманоста, достоинството, трудот, екологијата.

Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. 

Покрај поволните ниски цени и големиот избор на облека за сите возрасти, во периодот од 03.02.2020-22.02.2020 ве очекуваат дополнителни попусти. Уникатни капути, јакни, свечени тоалети, палта, панталони и здолништа, кошули се само дел од понудата кои може да ги купите со попуст до 15%, а зимската колекција е на попуст до 50%. Не ја пропуштајте оваа идеална можност да го купите вашето омилено парче по еднствена цена.

Надополнете го вашиот имиџ и освежете го својот плакар со ново парче облека, дојдете во Копче и уживајте во изборот!

Прегледи:
628
Објавено на:
05.02.2020