Категории

„За девојките кои се уште веруваат во витези со сјајни оклопи“ – Кукла од Памук

„За тебе би испишал 10 страници за тоа како ги гризеш усните,
би пеел рапсодии за кадриците на твојата коса, но ти не веруваш во љубов,
за тебе е тоа само хемиска реакција.
Некој ти раскажувал,
за синооките витези со сјајни оклопи кои на полноќ тропаат на прозорците на осамените принцези,
и ги понесуваат на дланки на места каде нема смрт, а ти си чекала бесконечно, никој не дошол.
Те излажале љубов моја,
странците со сјајни оклопи нема да те спасат од тагата,
само ќе те држат за дланки кога ќе стане неподлослива,
нема да те одведат на места каде што нема смрт
само ќе направат да заборавиш на неа..
Во ноќите кога трепериш од страв и жеднееш за мојот допир
јас лежам буден и се прашувам дали сеуште веруваш во бајки,
затоа што никогаш нема да живееме во една..
Во нашата приказна нема витези ни принцези,
само јас и ти, се додека не станеме вечност.“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
615
Објавено на:
10.06.2020