Категории

За силен имунитет во текот на целата година – 3 намирници полни со здравје

Наглата промена на времето е погодна за развој на вируси за прехлада, па затоа е важно навреме да го зајакнеме имунитетот, за да бидеме поотпорни на вируси и бактерии и да го зајакнеме нашиот имунолошки систем во текот на целата година, а на тој начин ќе го подобриме нашето здравје. Во тоа може да ни помогне храната богата со витамини и минерали, кои имаат корисен ефект врз нашиот имунолошки систем, а кои треба да ги вклучиме во исхраната секој ден  ако сакаме да го сочуваме нашето здравје.

  1. Куркума

Билката куркума е по потекло од Индонезија и Јужна Индија, а низ историјата се користела како зачин, текстилна боја, но и како средство за лекување. Богата е со растителни влакна, минерали и витамини, па затоа има корисни ефекти врз нашиот организам. Таа е богат извор на фитонутриенти, куркумин, кој има антивоспалителни својства, кои го штитат нашето тело од воспалителни процеси кои се резултат на пад на имунитетот.

Направете го вашиот напиток за зајакнување на имунитетот со мелење на парче ѓумбир, додавајќи лажичка куркума и еден исцеден лимон. Прелијте го сето тоа со 4 чаши вода, измешајте го добро и ставете го во ладилник добро да се излади. Две чаши на ден ќе направат чуда за вашиот имунитет.

 

  1. Алое Вера

Покрај моќниот регенеративен ефект врз кожата, Алое Вера има извонреден ефект и врз рамнотежата на нашиот организам. Таа е богата со витамини Ц и Е и може да спречи нашето тело да дехидрира. Покрај гелот од алое за нега на кожата, можете да ја консумирате и како сок.

 

  1. Мед

Природниот мед е полн со антиоксиданти, ензими и минерали, вклучувајќи цинк, железо, калиум, калциум, магнезиум и селен. Исто така, содржи витамин Б6 и тијанин. Ги отстранува слободните радикали од телото, а со тоа го подобрува нашиот имунитет. Во комбинација со куркума, медот е исклучително моќен природен антибиотик.

Прегледи:
436
Објавено на:
13.10.2019