Потребни состојки:
1 шолја свежи брусници
1 шолја грозје
2 лажици сок од цитрон
1 кесичка желатин (без вкус)
Подготовка:
Измијте ги брусниците и грозјето, а потоа ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер 35-40 минути за да се згусне. Извадете ја и оставете ја на собна температура околу 10 минути.
Пред да ја нанесете маската, најпрво тестирајте ја на внатрешната страна на подлактицата каде што кожата е најчувствителна, за да бидете сигурни дека не сте алергични на некоја од состојките. Измијте го лицето и целосно исушете го.
Пожелно е да облечете некоја стара маица кога ќе ја нанесувате маската бидејќи состојките може да ја офарбаат облеката.
1 2